• понеделник, 23 декември 2024

ЕК ги одобри реформските агенди од Планот за раст на Западниот Балкан 

ЕК ги одобри реформските агенди од Планот за раст на Западниот Балкан 

Брисел, 23 октомври 2024 (МИА) – Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со нејзиниот План за раст на Западниот Балкан, откако претходно земјите членки на ЕУ дадоа позитивно мислење за тие документи, јави дописникот на МИА од Брисел. 

- Во нивните амбициозни реформски агенди, петте влади од Западниот Балкан се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги преземат за да го поттикнат растот и поврзувањето со ЕУ согласно Планот за раст за периодот од 2024 до 2027 година, соопшти Европската комисија. 

Во соопштението се додава дека одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра. сп/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан