• сабота, 28 декември 2024

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители
Брисел, 16 декември 2020 (МИА) - Ако Европска агенција за лекови (ЕМА) на 21 декември ја одобри вакцината на Фајзер, Европска комисија во рок од два дена ќе дозволи вакцината да биде на пазарот, изјави денеска портпаролот на ЕК, Ерик Мамер. Тој потенцира дека ставот на ЕК е вакцинацијата да почне координирано и што е можно побрзо откако ќе се потврди ефикасноста и безбедноста на вакцината. Според Мамер, ЕК е подготвена да ја поддржи распределбата на вакцината против Ковид-19 во сите земји-членки на ЕУ во исто време и тоа сразмерно со бројот на жители. - Првата тура вакцини ќе биде распределена во сите земји-членки сраземерно бројот на жители. Тоа е најправеден начин за сите, истакна Мамер. ми/

Остани поврзан