• петок, 20 декември 2024

Екстремно десничарската АфД победува во Тирингија, во Саксонија е во тесна трка со ЦДУ

Екстремно десничарската АфД победува во Тирингија, во Саксонија е во тесна трка со ЦДУ

Берлин, 1 септември 2024 (МИА) - Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) по првпат победува на регионални парламентрани избори, освојувајќи најголем број гласови во источната германска покраина Тирингија, додека во Саксонија партијата се бори за првото место со Христијанско-демократската унија (ЦДУ), покажуваат првичните резултати и излезните анкети што ги пренесува ДПА.

АфД освои меѓу 30,5 и 33,5 отсто од гласовите во Тирингија, а меѓу 30 и 31,5 отсто во Саксонија.

Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц забележаа нов изборен пад со рејтинг меѓу 6,5 и 8,5 отсто во овие две покраини.

Според прогнозите на јавните радиодифузери АРД и ЗДФ, кои се засноваат на првичните изборни резултати, како и на излезните анкети, ЦДУ има многу тесно водство пред АфД во Саксонија. Се предвидува ЦДУ да добие 31,6% до 31,7%, а АфД меѓу 30,4% и 31,4% од гласовите.

Популистичката алијанса Сахра Вагенкнехт (БСВ) е трета со 11,4% до 12,0% од гласовите.

Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, ќе завршат на четвртото место со 7,8% до 8,2%. Се предвидува малку над изборниот праг да бидат коалициските партнери на Шолц на сојузно ниво Зелените со 5,3% до 5,5% од гласовите. Третиот владин коалициски партнер либералните Слободни демократи (ФДП) постигнале толку слаби резултати, што воопшто не се вклучени во проекциите.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан