• петок, 06 септември 2024

Екстремни горештини го погодуваат западниот дел на САД

Екстремни горештини го погодуваат западниот дел на САД

Вашингтон, 4 септември 2024 (МИА) - Западниот дел на САД се соочува со екстремни горештини, при што во Феникс 100 последователни денови живата во температурата не се спушта под 38 степени Целзиусови.

Особено тешка е ситуацијата во пустинските градови, каде што температурата може да достигне 49 степени Целзиусови.

Националната метеоролошка служба на САД предупреди дека бездомниците, старите лица, децата и лицата со здравствени проблеми се најпогодени. Се очекува температурите да опаднат до крајот на неделата, но сè уште не се предвидува крај на горештините во Феникс.ссм/

фото: архива

Остани поврзан