• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Експлозија на бомба пред канцелариите на компанијата Hellenic train во Атина

Експлозија на бомба пред канцелариите на компанијата Hellenic train во Атина

Атина, 11 април 2025 (МИА) – Бомба експлодираше вечерва пред објектот во кој се наоѓаат канцелариите на грчката компанија Hellenic train во центарот на Атина, а на експлозијата и претходеа два предупредувачки телефонски повици во два медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Анонимно лице се јавило во информативниот портал „Зугла“ и во весникот „Ефимерида тон синдактон“ и дало временски период од 35 – 40 минути и потенцирало дека не станува збор за фарса.

По телефонските повици, полицијата го евакуираше просторот и го затвори булеварот што е пред објектот и во експлозијата немаше повредени. 

Неофицијално бомбата била поставена во чанта, а засега нема информација за тоа кој стои зад експлозивниот механизам. ср/ссм/

Остани поврзан