Експлозија во станбена зграда во Кина, едно лице загина, тројца се повредени
- Едно лице загина, а три се повредени утринава во експлозија во станбена зграда во Харбин, главниот град на североисточната кинеска провинција Хејлунгџанг, соопштија локалните власти.

Пекинг, 23 мај 2024 (МИА) - Едно лице загина, а три се повредени утринава во експлозија во станбена зграда во Харбин, главниот град на североисточната кинеска провинција Хејлунгџанг, соопштија локалните власти.
Несреќата, за која постои сомневање дека е предизвикана од експлозија на резервоар за плин, се случила утринава околу 7 часот, а повредените не се во животна опасност, се наведува во соопштението.
Како што пренесува агенцијата Ксинхуа, во тек е истрага за причините за експлозијата. паг/
Фото: ЕПА