• петок, 20 декември 2024

Експлозија во складиште за гас во близина на Оксфорд, се верува дека била предизвикана од удар на гром

Експлозија во складиште за гас во близина на Оксфорд, се верува дека била предизвикана од удар на гром

Лондон, 3 октомври 2023 (МИА) - Британската полиција соопшти дека верува оти пожар што изби во складиште за гас во близина на Оксфорд бил предизвикан од удар на гром. Службите за итна помош се на терен, а нема извештаи за повредени, информираат од полицијата.

Експлозијата во складиште за гас во близина на Оксфорд ги вознемири граѓаните на тој британски град. Полицијата претпоставува дека експлозијата и пожарот биле предизвикани од удар на гром, пренесуваат британските медиуми.

-Се верува дека гром удрил во складиште за гас за време на вечерашното невреме, предизвикувајќи голем пожар, се вели во соопштението на полицијата објавено на „X“.

Од полицијата додаваат дека нема извештаи за повредени, а итната помош е на местото на пожарот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан