Експлозија во Бурунди: десетици загинати, стотици повредени
- - Десетици се мртви, но бројот на жртви може да биде и поголем - додаде и полициски службеник кој учествувал во гаснењето на пожарот во текот на ноќта.
Гитега, 1 април 2026 (МИА) - Неколку десетици лица загинаа по експлозија што следела по пожар во склад за муниција во економскиот главен град на Бурунди, Бужумбура, соопштија локални медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори..
Властите засега не соопштуваат точен број на жртви од трагедијата што се случи синоќа.
- Во моментов не е можно да се утврди точниот број на загинати, но десетици и десетици луѓе се убиени, а има стотици, можеби и илјадници повредени - изјави висок воен претставник.
- Десетици се мртви, но бројот на жртви може да биде и поголем - додаде и полициски службеник кој учествувал во гаснењето на пожарот во текот на ноќта. ссм/сд
фото: пиксабеј