• среда, 02 октомври 2024

Експлозии над Ерусалим, од Иран кон Израел лансирани повеќе од сто проектили

Експлозии над Ерусалим, од Иран кон Израел лансирани повеќе од сто проектили

Ерусалим, 1 октомври 2024 (МИА) - Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми. 

Сирени за воздушен напад се активирани низ целата територија на Израел, јавија локалните медиуми.

Израелската армија објави дека балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел.

Дел од израелските медиуми јавија дека од Иран кон Израел се лансирани повеќе од сто проектили. паг/

Фото: Икс

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан