• понеделник, 23 декември 2024

Експерт од Оксфорд: Животот ќе се врати во нормала напролет

Експерт од Оксфорд:  Животот ќе се врати во нормала напролет
Лондон, 10 ноември 2020 (МИА) - Откако „Фајзер“ соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 е ефикасна, Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, рече дека тимот на „Фајзер“ демонстрирал „чудесна ефикасност“ и истакна дека светот може да се врати во нормала напролет. - Јас сум првиот што тоа ќе го кажам, со самодоверба, животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да, рече Бел во интервју за Би Би Си. Неговиот колега од Универзитетот во Оксфорд, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и поттикнува оптимизам. - Ми олесна кога ги видов резултатите. Ми се чини ова е добар знак и пресвртница, рече Хорбај. Потенцијалната вакцина на компанијата Фајзер досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 ја добиле втората доза на 8 ноември. Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена по втората доза. Вакцината е базирана на иновативна технологија mRNA, која го стимулира телото да произведе еден од вирусните протеини што генерира имунолошки одговор на коронавирусот. ссм/

Остани поврзан