• среда, 25 декември 2024

Експертот за човекови и малцински права Николина Патален во работна посета на АОПЗ

Експертот за човекови и малцински права Николина Патален во работна посета на АОПЗ

Скопје, 28 април 2023 (МИА) – Експертот за човекови и малцински права од Хрватска, Николина Патален во рамки на проект поддржан преку TAIEX инструментот на ЕУ од 24 до 27 април била во посета на земјава. 

За време на престојот, Патален детално се запознала со работата на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и со улогата на Агенцијата во остварувањето на правата на помалкубројните заедници.

Како што информираат од АОПЗ, Патален имала средби во Министерството за труд и социјална политика, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Министерството за правда, Секретаријатот за европски прашања, Канцеларијата на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието, Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците, Управата за афирмирање и унапредување на културата на помалкубројните заедници, Агенцијата за имплеметација на јазикот што го говорат повеќе од 20 проценти, Инспекторатот за јазици, Мисијата на OБCE, Делегацијата на ЕУ...

Патален, како што денеска информираа од АОПЗ, ќе излезе со своја анализа и препораки за зајакнување на капацитетот на надзорната функција на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Северна Македонија. свс/бак/

Фото: АОПЗ

Остани поврзан