Ексминистерот Итамар Бен Гвир се враќа во владата на Нетанјаху
- Враќањето на Бен-Гвир ќе ја зајакне владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која остана со тенко мнозинство.

Тел Авив, 18 март 2025 (МИА) Поранешниот израелски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој ја напушти владата поради несогласувања за прекинот на огнот во Појасот Газа, се враќа во коалицијата, соопштија двете партии преку соопштение.
Враќањето на Бен-Гвир ќе ја зајакне владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која остана со тенко мнозинство.
Ликуд, партијата на премиерот Нетанјаху и националистичко-религиозната партија Озма Јехудит на Бен Гвир се договорија за враќање на партијата и нејзините министри во владата, се наведува во заедничката изјава.
Бен Гвир и уште двајца министри оставките ги објавија на 19 јануари, осудувајќи го скандалозниот договор за прекина на огнот, што стапи на сила тој ден.
Враќањето на Бен Гвир во владата доаѓа откако Израел ноќеска ги обнови воздушните напади врз Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 400 луѓе и кревкото двомесечно примирје го доведе до работ на колапс.сд/
фото: ЕПА