• понеделник, 23 декември 2024

Економско-социјалниот совет утре се очекува да донесе одлука за висината на минималната плата

Економско-социјалниот совет утре се очекува да донесе одлука за висината на минималната плата

Скопје, 12 март 2023 (МИА) - На Економско-социјалниот совет утре се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво. 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на минималната плата. 

Очекувањата на Владата се дека минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува околу 20.000 денари. 

Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата. бак/вј/

Остани поврзан