• понеделник, 23 декември 2024

„Економист“: Изборите во Украина би можеле да се одржат веќе во мај 2025 година

„Економист“: Изборите во Украина би можеле да се одржат веќе во мај 2025 година

Киев, 13 ноември 2024 (МИА) - Изборите во Украина би можеле да се одржат веќе во мај 2025 година, пишува „Економист“, додека од кабинетот на украинскиот претседател негираат дека се подготвуваат за избори.

„Економист“ наведува дека најраниот датум за одржување на избори е 25 мај.

Весникот посочува дека некои подготовки за изборите веќе се започнати, дека се мобилизираат регионални изборни штабови и се составуваат листи со кандидати. 

Според анкетите, актуелниот украински претседател Володимир Зеленски има мали шанси да го победи поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни во вториот круг.

Залужни сега ја извршува функцијата амбасадор во Велика Британија и се уште не ги кажал јасно своите политички амбиции, иако многумина го повикуваат да се кандидира.

Изборите во Украина требаше да се одржат во март 2024 година, но гласањето беше одложено на неодредено време поради војната. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан