• среда, 25 декември 2024

„Еколошкото е во мода“ - изложба на екоторби во Неготино

„Еколошкото е во мода“ - изложба на екоторби во Неготино
Неготино, 28 октомври 2021 (МИА) - „Еколошкото е во мода" е наслов на изложбата на екоторби, која е отворена во Музејот на град Неготино. Торбите за пазарување, изработени од платно, се дело на корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со ментална попреченост „Порака" од овој град.
- Отсекогаш  сме се залагале за екологија. Изложбата која ја организираме во соработка со Музејот, има продажен карактер и сите заинтересирани ќе можат да си купат екоторби. Со нив да ги заменат пластичните кеси за пазарување. Така ќе придонесат за здрава животна средина, но и ќе заштедат, а истовремено ќе бидат во тренд, порачаа од здружението за помош на лица со хендикеп „Порака".
Ова здружение меѓу другото е вклучено и во процесот на деинституционализација во државата, извлекување лица од гломазни институции и нивно сместување во станбени единици со поддршка.
Оттаму нагласија дека торбите можат да се перат. На нив има везени мотиви, а се користат и екобои. Изработката може да биде и по желба.
Изложбата ќе биде отворена до 3 ноември. свд/бт/

Остани поврзан