• понеделник, 16 декември 2024

ЕКОВАС не исклучува ниту една варијанта за акција во врска со превратот во Нигер, вклучително и употреба на сила

ЕКОВАС не исклучува ниту една варијанта за акција во врска со превратот во Нигер, вклучително и употреба на сила

Абуџа, 10 август 2023 (МИА) - Не исклучуваме ниту една варијанта за дејствување во врска со превратот во Нигер, вклучително и употребата на сила како последно средство. Ова денеска го изјави нигерискиот претседател Бола Тинубу, претседател на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), на завршувањето на средбата на регионалниот блок посветена на превратот.

Официјалното коминике прочитано по изјавата на Тинубу на крајот на состанокот вклучуваше резолуција со која се бара од шефовите на одбраната на заедницата „да ги активираат резервните сили на ЕКОВАС поради државниот удар на 26 јули“. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан