Екипи од Водовод и канализација на терен за одржување на функционалноста на астмосферската канализација
- ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека во попладневните часови веднаш по појавата на врнежите од дожд, проследени со ветар, нивни екипи излегле на терен за расчистување на сливниците

Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека во попладневните часови веднаш по појавата на врнежите од дожд, проследени со ветар, нивни екипи излегле на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација.
Екипите, како што посочуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, остануваат подготвени за соодветна реакција, во согласност со временските услови, секогаш во служба на граѓаните на град Скопје. рп/ац/
