• сабота, 31 август 2024

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа 190 кубни метри отпад од диви депонии во општина Чаир

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа 190 кубни метри отпад од диви депонии во општина Чаир

Скопје, 29 август 2024 

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 190 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.

Дел од активностите се одвиваа спроти ООУ „Конгреси и Манастирит“ каде што се отстранети 40 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини.

Воедно, во координација со ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје реализирано е и расчистување на повеќе диви депонии лоцирани на улиците Ресенска, Струмичка и Вуковарска.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан