• среда, 29 јануари 2025

Екипаж напуштил контејнерски брод во Црвеното Море по експлозија и пожар

Екипаж напуштил контејнерски брод во Црвеното Море по експлозија и пожар

Дубаи, 29 јануари 2025 (МИА) - Експлозија погоди контејнерски брод под знамето на Хонг Конг во Црвеното Море, предизвикувајќи голем пожар што го принуди екипажот да го напушти бродот, соопштија поморските власти.

Бродот плови на околу 225 километри од брегот на Ходеида, пристаниште во Јемен што го држат јеменските бунтовници Хути, соопшти бродската компанија Диаплоус Груп.

Бродот пловел од пристаништето Џебел Али во Обединетите Арапски Емирати до Џеда во Саудиска Арабија пред да исплови во вторникот.

Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот на бродот во Црвеното Море, каде пловните објекти постојано биле напаѓани од јеменските Хути. Бунтовниците Хути минатата недела изјавија дека ги ограничуваат своите напади откако беше воспоставен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа. Хутите веднаш не презедоа одговорност за пожарот на бродот.

Бродот бил напуштен, а екипажот подоцна бил спасен, изјави друг поморски службеник. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан