• сабота, 23 ноември 2024

Еквадорскиот вулкан Сангај исфрли пепел во висина од 8,5 километри

Еквадорскиот вулкан Сангај исфрли пепел во висина од 8,5 километри

Кито, 12 март (МИА) - Вулканот Сангај во центарот на Еквадор еруптираше и исфрла пепел во висина од 8,5 километри. Евадорската служба за итни случаи соопшти дека пет окрузи пријавиле исфрлање значителни количини пепел. Затоа, властите одлучија да ги откажат јавните и приватните настани во провинцијата Чимборасо. Властите го повикаа локалното население да остане дома, а доколку е надвор да ги заштити очите и да ги покрие носот и устата. Риобамба воведе максимална брзина за автомобилите од 30 километри на час, за да не се крева премногу прашина од пепелта на патиштата. Сангај е на околу 280 километри јужно од главниот град Кито и се верува дека е активен од 1628 година. Од мај 2019 година, тој е во период на ерупција, објави геофизичкиот институт. паг/    

Остани поврзан