• сабота, 23 ноември 2024

ЕЕА: Училиштата и болниците во европските градови се изложени на ризик од екстремни горештини

ЕЕА: Училиштата и болниците во европските градови се изложени на ризик од екстремни горештини

Брисел, 14 јуни 2023 (МИА) - Речиси половина од училиштата и болниците во европските градови се наоѓаат во урбани „топлински острови“, изложувајќи ги ранливите популации на опасни по здравјето температури, бидејќи влијанието на климатските промени се интензивира, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Околу 46 проценти од болниците и 43 отсто од училиштата се лоцирани во области каде што температурата е најмалку 2 Целзиусови степени потопла од просекот во регионот - и тоа води до посилни ефекти од топлотните бранови отколку во руралните области објави ЕЕА во анализата за тоа како Европа може да се прилагоди на климатските промени.

Климатските промени предизвикани од индустријата што продолжува да согорува фосилни горива ги прави топлотните бранови потопли и почести, тренд кој, во комбинација со урбаните топлински острови, носи ризици, вклучително и зголемена смртност од топлотен стрес за ранливите групи на населението, како што се постарите лица.

„Ранливоста во Европа се зголемува и поради стареењето на населението, поради погусто населените градови. Ова е нешто што, во комбинација со топлотните бранови, ќе стане ризик за општеството во иднина“, вели Блаз Курник шеф на оддел во ЕАОС.

Феноменот веќе е забележан при екстремни температури. За време на топлотниот бран од август 2003 година, смртните случаи поврзани со топлина во градовите во регионот Вест Мидлендс во Велика Британија беа двојно повисоки отколку во локалните рурални области. ЕЕА ги повика владите да воведат мерки за намалување на ефектот на топлинскиот остров во градовите, како што е воведување повеќе зелени површини за ладење и вода. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан