• вторник, 24 декември 2024

ЕЕА: Значително намалени емисиите од европските електрани и фабрики

ЕЕА: Значително намалени емисиите од европските електрани и фабрики
Копенхаген, 14 декември 2020 (МИА) - Во 2019 година пред избивањето на пандемијата со новиот коронавирус драстично се намалени штетните гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, објави денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Агенцијата со седиште во Копенхаген наведе дека емисиите од европските електрични централи и фабрики се на ниво од 9,1 отсто односно на 1.530 мегатони еквивалент на јаглерод диоксид (ЦО2), што е најголемо годишно намалување од 2009 година. Во споредба со 2005 година емисите се намалиле за 35 проценти, но за да се реализира целта климатска неутралност до 2050 година потребно е понатамошно значително намалување, предупредуваат експертите. Падот на емисиите од електраните и фабриките е резултат на преминот на други извори за производство на електрична енергија. Европска Унија се откажува од јагленот, што е се помалку привлечен поради растот на цената за ЦО2. наместо тоа се зголемува удеолот во обновливите извори на енергија, како што се ветерот и Сонцето. Голем број земји од јаглен преминаа на природен гас, што исто така е фосилно гориво, но при согорувањето создава помалку ЦО2 од јагленот. - Енергетскиот систем на ЕУ забрзано седекарбонизира,објави ЕЕА, додавајќи оти тоа делумно е поради кризата со Ковид-19 и се очекува понатамошен пад и во 2021 година. ми/

Остани поврзан