• среда, 27 ноември 2024

Едно лице повредено по експлозија на плинска боца во Куманово (ДПЛ)

Едно лице повредено по експлозија на плинска боца во Куманово (ДПЛ)

Куманово, 18 јануари 2024 (МИА) - Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца што се случила попладнево на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската општа болница и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово. Експлозијата на плинската боца се случила во стан на кумановец на првиот кат од зграда под „Сума“ во Куманово. Експлозијата на плинската боца се случила во 13.30 часот.

-Триесетгодишен пациент е донесен во општа болница Куманово со повреди здобиени од експлозија на плинска боца. Поради сериозноста на повредите лицето е префрлено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

- Причина за експлозијата е плинска боца. За жал има и повредено лице. Штетата е голема, избиени се прозорците, вратите. Кај нас пожарот е пријавен во 13.35 часот, интервениравме со едно противпожарно возило и шестмина пожарникари. Дојде и ЕВН, ја исклучија струјата, изјави командирот на смена Чедомир Кипријановиќ од ТППЕ Куманово.

Полицијата се уште врши увид. Оттаму информираат дека било пријавено дека во стан на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, сопственост на Ф.Д.(30) настанал пожар од експлозија на плинска боца, при што станот целосно е опожарен. Од пожарот со тешки телесни се здобил сопственикот кој бил пренесен во Клиничкиот центар  „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожар. Увидот е во тек.

Експлозијата, според очевидци, се случија околу 13. 30 часот. Во изјава за медиумите тие рекоа дека ударот бил силен, а веднаш пристигнале екипите на ТППЕ, Итната медицинска помош и на полицијата, првин слушнале експлозија, после имало и пламен, кој не се проширил на зградата и на  околните. Повредениот сам скокнал низ прозорец, раскажаа соседи кои првин помислиле дека станува збор за судар на автомобили. ам/хс/


Фото: МИА

Остани поврзан