• недела, 04 август 2024

Едно лице загина во сообраќајка кај Струмица

Едно лице загина во сообраќајка кај Струмица

Струмица, 27 јуни 2023 (МИА) - Едно лице загина во сообраќајка што се случи вечерва околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“ и дека полицијата го обезбедува местото на несреќата и се чека да заврши увидот на јавен обвинител. Повеќе информации од полицијата ќе соопштат дополнително.

Според информации од струмичката болница, околу 22 часот таму бил донесен починат маж на 47 годишна возраст-возач на „мерцедесот“, додека другиот возач поминал без повреди.

Сообраќајот на овој патен правец се пренасочува преку селото Сачево. рт/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан