• сабота, 23 ноември 2024

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка на излезот од Прилеп за Битола

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка на излезот од Прилеп за Битола

Прилеп, 19 март 2024 (МИА) - Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска, пред 2 часот по полноќ. Во сообраќајната несреќа се судриле камион и патничко возило  на излезот од Прилеп, на регионалниот пат за Битола, кај клучката во близина на „Паркот на револуцијата“. Поради тешките повреди лицето, возач на патничкото возило, било веднаш префрлено на лекување на клиниките во Скопје.

Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска која направила увид на местото на несреќата, сѐ уште не се знаат причините за несреќата.

-Несреќата се случила при директен судир на камион, натоварен со земјоделски средства и патничко возило марка „Ауди“. Од силината на ударот целата предна страна на патничкото возило е уништена. Тешко повреден е возачот на „аудито“ и по констатираните повреди веднаш е префрлен на лекување на скопските клиники“, рекла таа.

Полицијата и јавниот обвинител направија увид на местото на несреќата. Во камионот биле две-три лица. ем/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан