• вторник, 24 декември 2024

Еднократна помош за 27 студенти од општина Маврово и Ростуше

Еднократна помош за 27 студенти од општина Маврово и Ростуше
Дебар, 18 февруари 2022 (МИА) - Еднократен финансиски надомест, во износ од по 6.000 денари, ќе добијат 27 студенти од општина Маврово и Ростуше. -На конкурсот, што општината го објави се пријавија 29 студенти, сите редовни. Иако имаа право и вонредни студенти, но неврабоени, до нас не пристигна апликација од оваа категорија студенти. По разгледувањето на апликациите донесено е одлука ова право да го остваруваат 27 студенти. Двајца струденти не ги исполнуваа пропишаните услови во Конкурсот,  изјави за МИА, Омер Муратоски, овластен службеник за млади. Тој дообјаснува дека правото го оставруваат само студенти кои се со адреса на живеење во општина Маврово и Ростуше, а се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 годинаа и кои редовно ги полагаат испитите. -Одбиените имаат  право на приговор, а за оние за кои е донесен позитивен одговор, се подготвуваат решенијата, кои треба да ги потпише повереникот за надлежностите на градоначалник Медат Куртовски. Посебно сакам да ја нагласам големата поддршка што ја даде градоначалникот на оваа иницијатива, посочува Муратоски. Оваа општина од 2018 година доделува и еднократна парична помош во износ од по 5.000 денари за секое новороденче во семејства кои живеат постојано на територијата на општина Маврово и Ростуше. вт/аа/

Остани поврзан