• сабота, 23 ноември 2024

Една милијарда долари трговска размена меѓу Северна Македонија и Турција

Една милијарда долари трговска размена меѓу Северна Македонија и Турција

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Трговска размена меѓу Северна Македонија и Турција достигна една милијарда долари. Иако годината беше тешка, бизнисите од двете земји реализираа многу проекти, соработуваа на секое поле и постигнаа завиден резултат. Ова го истакна претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО) Ајдован Адемоски во синоќешното обраќање на настанот по повод сработеното во изминатите 12 месеци.

На настанот што го организираше МАТТО присуствуваа владини и претставници од бизнис заедницата, невладини организации и претставници од медиумите.

-Заеднички реализиравме многу проекти, соработувавме на секое поле и како резултат на тоа достигнавме една милијарда долари трговска размена меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије. Се надеваме дека ќе ги постигнеме барем истите резултати во иднина. Имавме тешка година, доживеавме економски и енергетски кризи, доживеавме природни катастрофи. И покрај ова, што е најважно, успеавме да го одржиме нашето единство и солидарност. Се обединивме како два народа за да ги надминеме сите тешкотии. На 6 февруари се случи разорен земјотрес во Турција. Погодени беа 11 провинции, околу 50 илјади луѓе ги загубија животите, над 500 илјади згради беа уништени, а евидентирана е штета од над 100 милијарди евра. Република Северна Македонија од првиот момент сочуствуваше со братскиот турски народ. Се мобилизиравме сите, државата, невладините организации, Црвениот крст, целиот македонски народ и обезбедивме материјална и финансиска поддршка во износ од преку три милиони евра и повеќе од 60 шлепери материјална помош, истакна Адемоски.

Тој се осврна на завршениот проект кој, како што рече, е мост меѓу две држави и доказ за пријателството на двата народа.

-Под покровителство на МАТТО, на површина од 8 656 метри квадратни во Малатија, Република Турција, се изгради средното училиште кое го носи името „Македонија”. Има 24 училници, а секоја носи име на македонски град - Скопје, Битола, Калканделен, Тетово, Охрид, Штип, Куманово, нагласи Адемоски. мч/нд/

Фото: МАТТО

Тагови

Остани поврзан