• понеделник, 23 декември 2024

Една година подготовки за балкански првак во бодибилдинг и фитнес на 41 години

Една година подготовки за балкански првак во бодибилдинг и фитнес на 41 години
Тетово, 6 септември 2020 (МИА) - Речиси една година подготовки и повеќе надминати предизвици се основата со која на 41 година тетовецот Драган Стојчевски на 41 година стана балкански првак во бодибилдинг и фитнес во категоријата на мажи „Мастер Физик“ од 40 до 49 години на шампионатот што се одржа во Романија овој викенд. Тој се подготвувал од септември 2019 година, со тоа што првично ова Балканско првенство требало да се одржи годинава во мај. Сепак пандемијата била причина за одложување за во септември што за Драган значело почетокот на периодот во кој се соочил со повеќето предизвици.
  • Од лани во септември интензивно започнав се до февруари-март кога дојде известување дека поради пандемијата и ова натпреварување се одложува. Потоа се одложуваше се до овој викенд од 4 до 6 септември.  Голем предизвик беше да се одржи кондицијата односно да се одржи топењето на мастите и да остане мускулатурата. За таа цел и ослабев, а постојано бев во исчекување. Голема потешкотија за мене беше периодот во јули кога почина мојот татко, моја голема поддршка за ова натпреварување и воопшто во животот, вели Драган, кој победата ја посветува токму на својот родител.
За да се победи со своето тело на ваков натпревар Драган го објаснува процесот за одржување на мускулите.
  • На натпреварот судиите го оценуваат атлетското тело на натпреварувачот кој настапува. Се оценува едноставно целината на телото на бодибилдерот при што се согледува дефиниција и симетрија на тело.  Освен тоа потребно е да има и добар изглед на кожата. За се тоа потребни се повеќе месечни подготовки и внимавањето на исхраната и практикување на редовни тренинзи, вели Стојчевски.
Во периодот јули-август сепак успеал најефективно да се подготвува.
  • Јас се подготвував цело време со тоа што главна насока беше топењето на мастите во организмот. Тоа подразбираше вежбање бодибилдинг во теретана секој ден со од понеделник до сабота секоја мускулна група по еднаш и после тренинг во теретана уште 45 минути сум трчал. Влегов во еден тежок и напорен процес да се стопат мастите и да остане месо на мене. Целта е баланс на вежбањето и внимавање на исхрана.  Мастите мора да се извадат да остане квалитет мускулатура, објаснува Драган Стојчевски.
На балканското првенство во градот Дробета-Турну Северин во Романија учествуваа 126 натпреварувачи од 9 земји. Сега предизвик за Драган ќе биде Европското првенство во Шпанија (15-21септември) но тоа зависи од состојбата од корона пандемијата и можноста да се патува таму. Драган со спортот започнува од детството кога почнал да тренира атлетика, спорт со кој се занимавал изминатите децении.  Во 2004 бил ја добил титулата Мистер на Македонија, а во 2006 и Мистер на Европа. ас/зс/

Остани поврзан