• понеделник, 23 декември 2024

Едмонтон стана првиот тим од 1945 година кој се врати од 0:3 во финалето на Стенли купот

Едмонтон стана првиот тим од 1945 година кој се врати од 0:3 во финалето на Стенли купот

Едмонтон, 22 јуни 2024 (МИА) – Едмонтон ноќеска ја победи Флорида на домашен терен со 5:1 во шестиот натпревар од финалната серија на Стенли купот.

По десетти пат во историјата на НХЛ, еден тим се врати од негатива од 0:3 во плејоф серија. Воедно ова е трето враќање по 0:3 во финалето на најсилната хокеарска лига на светот и прво од 1945 година. Тогаш Детроит возврати во серијата со Торонто, но загуби во седмиот натпревар. Во 1942 година, Торонто успеа да се врати и да победи четири натпревари по ред.

Решавачкиот натпревар меѓу Едмонтон и Флорида ќе се одигра на 25 јуни во Санрајс.

Победникот на Стенли купот ќе биде решен во седмиот натпревар за прв пат од 2019 година. Пред пет години Сент Луис го победи Бостон.

Ова воедно ќе биде 18-та „мајсторка“ во финалната серија во историјата на НХЛ. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан