• понеделник, 29 јули 2024

Единаесет загинати во подметнат пожар во бар во Мексико

Единаесет загинати во подметнат пожар во бар во Мексико

Мексико Сити, 23 јули 2023 (МИА) - Единаесет лица загинаа, а четворица се повредени во пожар во бар во северниот мексикански пограничен град Сан Луис Рио Колорадо.

Се претпоставува дека пожарот бил подметнат со Молотов коктел од еден од гостите, откако бил исфрлен од локалот поради наводно непочитување на жените, соопштија надлежните.

Државните обвинители во мексиканската држава Сонора соопштија дека тоа го покажуваат прелиминарните наоди и дека еден осомничен маж е уапсен.

Една од жртвите е американска државјанка, која најверојатно имала и мексиканско државјанство, а друга од жртвите имала само 17 години, изјави државниот обвинител.

Осомничениот е млад човек кој вчера во алкохолизирана состојба го подметнал пожарот, фрлајќи некаков Молотов коктел врз вратата од локалот, се наведува во соопштението на обвинителот. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан