• понеделник, 23 декември 2024

Еден од последните крузери пристигна во Џенова

Еден од последните крузери пристигна во Џенова
Џенова, 21 април 2020 (МИА) - Италијанскиот крузер „Коста Делициоса“, еден од последните што беа на море од избувнувањето на пандемијата на вирусот Ковид-19, е закотвен на брегот на Џенова, последната станица по 15-неделно крстарење. Околу 110 патници, со потекло од Шпанија, Португалија и Франција, претходно се симнаа во Барселона, откако француските власти го одбија барањето за слегување на патниците на пристаништето Марсеј, иако, според италијанската компанија „Коста Кроциере“, во чија сопственост е крузерот, на бродот немало заразени. Останатите 1.519 патници и 898 членови на екипажот, како што е најавено, ќе се симнат утре во Џенова. Од почетокот на крстарењето, три лица го напуштија бродот поради здравствени проблеми, но ниту едно од нив не беше позитивно за вирусот Ковид-19. Крузерот требаше да се врати во Венеција на 26 април, од каде тргна на патување на 5 јануари. паг/

Остани поврзан