• вторник, 25 март 2025

Еден загинат и 19 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Фармакониси

Еден загинат и 19 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Фармакониси

Атина, 23 март 2025 (МИА) – Во морскиот дел кај грчкиот остров Фармакониси што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, синоќа се случила несреќа со чамец со мигранти, во која едно лице го загубило животот, а Крајбрежната служба на Грција спасила 19 лица, меѓу кои и две деца, кои се во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба доцна синоќа информираа дека започнала акција со три патролни бродови, еден спасувачки брод како и еден хеликоптер за спасување на евентуално други исчезнати лица. 

Во синоќешната акција, што и утрово е во тек, било извлечено безживотното тело на еден маж, две деца се во критична состојба, а спасени се вкупно 19 лица. ср/

Остани поврзан