• недела, 01 септември 2024

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Струмица

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Струмица
Струмица, 6 јануари 2020 (МИА) - Шеесет и три годишниот В.А. од село Пиперево загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13:20 часот на локалниот пат за село Добрoшинци, кај местото „Шапкар“, соопштија од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „шкода“ управуван од сега починатиот возач и автомобил „шаран“ управуван од Е.М. од село Градашорци и негов сопатик, кои се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од СВР Струмица и јавен обвинител. рт/цр

Остани поврзан