• петок, 08 ноември 2024

Егрлиќ: Огромна штета е што БиХ не е во мини шенген

Егрлиќ: Огромна штета е што БиХ не е во мини шенген
Сараево, 30 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ изјави дека е огромна штета за БИХ што не е потписничка на Договорот за мини шенген односно на иницијативата Отворен Балкан за созадавање на единствен економски простор во регионот. - Секако, шансата се уште не е пропуштена. Очекувам дека лидерите на БиХ и лидерите на другите земји во регионот ќе се приклучат на оваа Иницијатива. Слободата на движење, слободата на движење на стоки, услуги и се што подразбира мини шенген ќе биде добро за бизнис заедницата во БиХ, истакна Егрлиќ во Дневник 3 на Федералната телевизија. Тој наведе дека клучниот процес е изработка на акциски план за создавање единствен пазар во областа на шесте економии од Западен Балкан, потпишан минатата година во Софија. - Мини Шенген е само мал дел од тој голем регионален процес поддржан од ЕУ. Една од придобивките што е забележана е потпишувањето на договори за роаминг меѓу овие земји. Нема сомнение дека БиХ, порано или подоцна, ќе пристапи кон ова, наведе Егрлиќ. Премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера на Економскиот форум во Скопје потпишаа неколку договори, со чија реализација би требало да биде олеснето движењето на луѓе и стоки помеѓу трите држави. ми/

Остани поврзан