• недела, 06 октомври 2024

Египетскиот претседател ќе биде домаќин на јорданскиот крал

Египетскиот претседател ќе биде домаќин на јорданскиот крал

Каиро, 19 октомври 2023 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска ќе биде домаќин на јорданскиот крал Абдула Втори на самитот во Каиро , соопшти претседателството, додека насилството во Појасот Газа расте.

Двајцата лидери „ќе разговараат за начините за запирање на израелската агресија врз Газа“.

Египет и Јордан беа првите арапски држави што ги нормализираа односите со Израел, соодветно во 1979 и 1994 година, и оттогаш се клучни посредници меѓу израелските и палестинските официјални лица. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан