ЕВРО2024: Победнички старт на Холандија
- Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска попладнево во Хамбург со 2-1 (1-1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство.

Хамбург, 16 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска попладнево во Хамбург со 2-1 (1-1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство.
Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута.
Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута.
Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија. ег ФОТО: Икс