• сабота, 27 јули 2024

ЕВРО 2020: Шведска и Шпанија изборија осминафинале

ЕВРО 2020: Шведска и Шпанија изборија осминафинале
Севилја, 23 јуни 2021 (МИА) – Репрезентациите на Шпанија и на Шведска ќе играат во осминафиналето на Европското првенство, додека Словачка и Полска се елиминирани по завршување на групната фаза. Ова е епилогот од Е-групата по завршувањето на натпреварите од 3. коло, одиграни вечерва во Севилја и Санкт Петербург. Шпанија пред своите навивачи ја декласира Словачка со 5:0, додека Шведска на руска територија ја совлада Полска со 3:2. Табела: Шведска 7 бодови, Шпанија 5, Словачка 3, Полска 1. Во осминафиналето Шпанија ќе се соочи со Хрватска на 28 јуни во Копенхаген, додека Шведска со третопласираната селекција од Б, Ц или Д групата. зс/

Остани поврзан