• вторник, 24 декември 2024

ЕВРО 2020: Полска одолеа на шпанските напади

ЕВРО 2020: Полска одолеа на шпанските напади
Севилја, 19 јуни 2021 (МИА) - Репрезентациите на Шпанија и Полска ремизираа (1:1) вечерва во Севилја во мечот од 2. коло Е-група на ЕВРО 2020. Шпанците имаа поголем посед на топката, создадоа повеќе шанси, но не го освоија трите бода. Резултатот го отвори Алваро Мората во 26. минута, на почетокот на второто полувреме Роберт Левандовски ги постави конечните 1:1. Во 58. минута Морено не реализира пенал и пропушти шанса по втор пат да и донесе предност на Шпанија. По две кола во оваа група, Шведска е лидер со четири бода, Словачка е втора со три, Шпанија има два, Полска еден. Во последното коло, на 23 јуни, Шпанија ќе игра против Словачка, а Полска со Шведска. зс/

Остани поврзан