• среда, 27 ноември 2024

Евро 2020 нема да се преименува, и покрај трансферот на турнирот во 2021 година

Евро 2020 нема да се преименува, и покрај трансферот на турнирот во 2021 година
Нион, 23 април 2020 (МИА) - Извршниот комитет на УЕФА објави дека името на Евро 2020 нема да биде променето, и покрај трансферот на турнирот поради коронавирусот. Оваа одлука ќе и овозможи на УЕФА да го одржи оригиналниот концепт на турнирот и да ја прослави 60-годишнината од Европското првенство во фудбал. - Одржувањето на името ќе ве потсети како целото фудбалско семејство се собра во екстремни околности и одговори на пандемијата на вирусот и тешките периоди со кои преживеа Европа и целиот свет во 2020 година, велат од унијата. Европското првенство беше одложено за 2021 година и ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. зс/

Остани поврзан