• понеделник, 23 декември 2024

ЕВРО 2020: Кејн уверен дека Англија ќе ја помине групата

ЕВРО 2020: Кејн уверен дека Англија ќе ја помине групата
Лондон, 13 јуни 2021 (МИА) - Капитенот на Англија, Хари Кејн проговори за тоа што очекува од натпреварот во групната фаза на Европското Првенство 2020 со Хрватска. - Ако го започнеме турнирот со победа, земеме три бода, тоа ќе ни обезбеди добра позиција пред натпреварот во Шкотска. Ова е долг турнир, не може да се победи само со еден натпревар. Мислам дека сме доволно силни за да ја поминеме групата, изјави Кејн. Натпреварот Англија - Хрватска ќе се одигра денес на „Вембли“ во Лондон со почеток во 15 часот. На другиот меч од 1. коло утре се среќаваат Чешка и Шкотска. зс/

Тагови

Остани поврзан