• четврток, 26 декември 2024

Европското атлетско првенство 2026 во Бирмингем

Европското атлетско првенство 2026 во Бирмингем

Варшава, 13 ноември 2022 (МИА) – Европското атлетско првенство на отворено во 2026 година ќе се одржи во Бирмингем, одлучено е на седницата на советот на Европската атлетска федерација (EA) во Варшава.

Бирмингем ќе биде прв англиски град домаќин на ова натпреварување.

Европското првенство (ЕП) ќе се одржи на неодамна реновираниот стадион „Александер“, на кој претходно оваа година се одржаа Игрите на Комонвелт.

„Британската јавност исклучително ја цени врвната атлетика, а гледачите се меѓу најголемите познавачи во светот. Уверени сме дека најдобрите европски атлетичари ќе се натпреваруваат пред полни трибини, порача претседателот на EA Добромир Карамиранов.

Следното ЕП ќе се одржи во Рим од 7 до 12 мај 2024 година. ег/паг/

Остани поврзан