• понеделник, 23 декември 2024

„Европски фронт“ ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите

„Европски фронт“ ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Елми Азири од „Европски фронт“ на денешната прес-конференција информира дека до Управниот суд ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите што се однесуваат за Петтата и Шестата изборна единица.

- Ве известуваме дека веќе ги алармиравме сите надлежни институции и меѓународниот фактор бидејќи имаме точни информации дека во петокот преку политички притисок им биле дадени партиски инструкции на членовите на Државната изборна комисија од нивното седиште. Нагласуваме дека овие дејствија претставуваат кривични дела и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги искористи сите демократски форми за заштита на слободниот глас на граѓаните. Во таа насока, ве известуваме дека веднаш по донесувањето на одлуката истото ќе го обжалиме и до Управниот суд, рече Азири.

Азири смета дека донесената одлука за прегласување на некои избирачки места во Петтата и Шестата изборна единица е неправедно и со надгласување како во времето на едноумието.

„Европскиот фронт“ апелира до институциите да постапат според законот без да прифатат притисоци од политичките партии. Ја повикуваат меѓународната заедница будно да ја следи ситуацијата затоа што, како што рече Азири, повторно се инсталира заробената држава, надгласувањето и етничката мајоризација. фф/бак/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан