Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
- Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека е „ужаснат од убиството на двајца вработени во израелската амбасада“ во Вашингтон.
Лондон, 22 мај 2025 (МИА) – Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека е „ужаснат од убиството на двајца вработени во израелската амбасада“ во Вашингтон.
Тој додаде дека Велика Британија го осудува „одвратниот, антисемитски злочин“.
И официјален Париз го осуди убиството, нарекувајќи го „одвратен чин на антисемитско варварство“.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро истакна дека „ништо не може да го оправда таквото насилство“.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го нарече „гнасен чин“, „најстрого“ го осуди и рече дека „во моментов мора да претпоставиме дека постоел антисемитски мотив“.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека неговата земја стои со Израел, осудувајќи ги „сцените на терор и насилство“. јт/
Фото: ЕПА