• сабота, 28 декември 2024

Европскиот суд ја укина „државната помош“ за Реал Мадрид и Барселона

Европскиот суд ја укина „државната помош“ за Реал Мадрид и Барселона
Брисел, 4 март 2021 (МИА) – Шпанските фудбалски екипи Реал Мадрид, Барселона, Атлетик Билбао и Осасуна треба да и вратат на државата поединечно по пет милиони евра, бидејќи како здруженија на граѓани биле оданочувани по пониска стапка во однос на другите прволигашки тимови, одлучи денеска Судот на правдата на Европската унија. Законот усвоен во шпанскиот Парламент во 1990 година ги обврзуваше сите професионални фудбалски екипи да се трансформираат во спортски акционерски друштва, со исклучок на оние чии финансиски резултати биле претходно позитивни. Реал Мадрид, Барселона, Атлетик Билбао и Осасуна беа во плус и го задржаа статусот на непрофитни организации, односно здруженија на граѓани. Поради тоа, нивната добивка беше оданочувана по пониска стапка од 25, наместо 30 отсто колку што плаќаат сите други клубови трансформирани во компании. Разлика во оданочувањето траеше до 2016 година. Донесувајќи ја одлуката, Европскиот суд оцени дека даночниот закон за шпанските фудбалски екипи е во спротивност со регулативата на ЕУ и претставува „државна помош“. ег/гт/

Остани поврзан