• сабота, 23 ноември 2024

Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

Стразбур, 18 април 2023 (МИА) - Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година.

Свеченото потпишување ќе се одржи утре, а на него, како што соопштија во Стразбур, ќе присуствува и вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими.

Новите правила ќе им овозможат на сопственици на косовски пасоши да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан