• вторник, 24 декември 2024

„Европската куќа“ во Струмица одбележа три години од постоењето

„Европската куќа“ во Струмица одбележа три години од постоењето

Струмица, 20 февруари 2024 (МИА) - „Европската куќа“ (EU house) во Струмица денеска одбележа три години од постоењето. На третиот роденден присуствуваше амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир и градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, кои се обратија на настанот.

Според евроамбасадорот Гир, во изминатите три години низ „Европската куќа“ поминале над 25 илјади посетители, кои присуствувале на над 200 настани.

- Јас искрено се надевам дека во и наредните три години „Европската куќа“ во Струмица ќе ги задржи сите овие квалитети, кои направија и ќе направат разлика во следните три години, па и во иднина. Се надевам, кога младите ќе стапнат на вратата на „Европската куќа“ во Струмица нема да ги препознаваат само вредностите коишто им се блиски на нив, туку вие ќе се подготвувате за вашата иднина, односно како идни граѓани на ЕУ и токму вие сте кои ја подготвувате земјата на европскиот пат, рече Гир.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов истакна дека „Европската куќа“ ја доближува Струмица и државата до ЕУ.

- Кога се организираат такви настани од „Европската куќа“ или се поддржани од Делегацијата на ЕУ, имам поделено чувство дали сум домаќин или сум гостин на настанот, бидејќи настаните се во Струмица. Влегувајќи тука сфатив дека тоа е и суштината на ЕУ - да можеш да се чувствуваш дома како гостин и секаде како дома, рече струмичкиот градоначалник.

Во рамки на одбележувањето на третиот роденден на „Европската куќа“ во Струмица, се одржа отворена панел-дискусија насловена како „Harmonizing Passion and career“ на која учествуваа Александар Динев, тик-ток инфлуенсер, Наталија Лубеска, уметник, Горан Митров, генерален менаџер на „Цар Самуил“ и бренд менаџер на „Елена Лука“ и д-р Милијана Кацарска, субспецијалист, психијатар.рт/ир


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан