• сабота, 23 ноември 2024

Европејците се поделени околу тоа дали да ги затворат вратите за туристите од Русија

Европејците се поделени околу тоа дали да ги затворат вратите за туристите од Русија

1 септември 2022

Франс прес
Финска дејствува без да чека Финска, која граничи со Русија и обработува околу 1.000 барања за визи дневно, одлучи од 1 септември да го намали бројот на визи издадени за руските туристи на 10 отсто . Откако европскиот воздушен простор беше затворен за нив како одговор на војната, се повеќе Руси минуваат транзит низ соседната земја на пат кон другите европски земји, откако ќе добијат шенген виза за краток престој (90 дена во период од 180 дена). Според финската премиерка Сана Марин, „не е фер руските граѓани да можат да влезат во Европа, Шенген зоната, за да патуваат како туристи (. . . .) додека Русија убива луѓе во Украина“.
Станува збор за шенген визи Дваесет и шест земји од Шенген зоната (22 земји на ЕУ плус Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн) во 2021 година примија вкупно три милиони апликации за краткорочни визи од различна природа (за туризам, студирање, службени патувања... ) главно од граѓани на Русија (536.000). Естонија жали што не може да го забрани влезот во земјата „на лица со визи за друга земја од Шенген зоната“ и смета дека „посетите во Европа се привилегија, а не човеково право“. „Не може да стане збор за руски државјани да патуваат за туристички цели како и обично“, нагласи чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, чија земја во моментов претседава со ЕУ. Следејќи го примерот на Прага, по инвазијата, балтичките републики и Полска, исто така, го заострија визниот режим за Русите до различен степен (целосна забрана или само за туристи) и со некои исклучоци (патување за образовни цели, од семејни и хуманитарни причини, за опозициски медиуми, итн.). Со оглед на недостигот на консензус неопходен за воведување санкции меѓу 27-те членки на заедницата, Литванија предложи „регионално решение“ што ќе ги обедини балтичките земји, Полска и Финска. Милост за рускиот народ Според германскиот канцелар Олаф Шолц, ограничувањата на туристичките визи би биле казна „за сите оние кои бегаат од Русија поради несогласување со рускиот режим“. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, пак, изјави дека „не е добра идеја да се забрани влез на сите Руси во Европа“. И Европската комисија инсистира на хуманитарна основа да ги заштити неистомислениците, новинарите и семејствата, потсетувајќи дека апликациите мора да се разгледуваат поединечно. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на 8. и 9 септември ќе ги посети Летонија и Финска. Контрапродуктивен пристап? „ЕУ би се спротивставила на самата себе. Оваа мерка е против слободата на движење и политиката на санкции што Унијата ја следеше досега, тврдејќи дека не е насочена против рускиот народ, туку против режимот“, истакнува Сирил Брет од Институтот „Жак Делор“. „Помалку од 30 отсто од Русите имаат пасоши, а нивните преферирани дестинации се Турција, Египет и Обединетите Арапски Емирати“, вели Мари Думулен, специјалист од Европскиот совет за меѓународни односи, предупредувајќи на „опасна грешка во анализата“. Според неа, „забраната ќе даде сосема спротивен резултат од очекуваниот - со стигматизирање на сите Руси во целина, ќе ја храниме пропагандата на Кремљ, кој со години ја критикува наводната русофобија на луѓето на Запад, особено по инвазијата на Украина“. „ЕУ треба да одржува врски со граѓанското општество, а не да го изолира под ќебе целосно контролирано од режимот“, додава таа. Тековни санкции По избувнувањето на конфликтот, ЕУ делумно ја укина поедноставената процедура за издавање краткорочни визи воведена со договор меѓу ЕУ и Русија, забранувајќи го влезот на одредени категории лица поврзани со режимот (официјални делегации, лица со дипломатски пасоши, раководители на компании итн.). Во исто време, ЕУ прогласи 1.214 вработени во руската администрација за персона нон грата. паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан