Евролига: Партизан со втор најголем пресврт во историјата го совлада Хапоел
- Кошаркарите на Партизан направија неверојатен пресврт во 24 коло од Евролигата совладувајќи го Хапоел Тел Авив со 104-101 по продолжение синоќа во Минхен, откако Израелците имаа водство од 27 поени на почетокот на второто полувреме.
Минхен, 24 јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на Партизан направија неверојатен пресврт во 24 коло од Евролигата совладувајќи го Хапоел Тел Авив со 104-101 по продолжение синоќа во Минхен, откако Израелците имаа водство од 27 поени на почетокот на второто полувреме.
Најголемиот резултатски пресврт во историјата на Евролигата останува победата на Монтепаски на гостински терен против Проком во сезоната 2012/13, откако италијанскиот тим беше во негатива од 28 поени.
Хапоел водеше со 64-37 во 23-тата минута и се чинеше дека Партизан ќе доживее катастрофа. Сепак, се случи токму спротивното. Белградскиот тим ја надомести негативата од девет поени (78-87) во последните две минути од регуларното време, дозволувајќи му на Хапоел само еден поен.
Во последните 47 секунди од продолжението, Партизан влезе со +7 (97-90) по тројка на Браун Стерлинг, а Хапоел имаше можност со тројка да избори ново продолжение, но Антонио Блејкни беше непрецизен.
И покрај поразот, Хапоел остана на врвот на табелата со 16-7, идентичен ефект како и второпласираниот Фенербахче. ег
ФОТО: Фејсбук