Евролигата добива нова екипа
- Евролигата можно е во следната сезона да има нов клуб и тоа од соседна Грција
Солун, 6.март 2026 (МИА) – Евролигата можно е во следната сезона да има нов клуб и тоа од соседна Грција. Неизвесно е учеството на Асвел, а финансиски проблеми има Монако. Како потенцијален учесник за сезоната е екипата на ПАОК од Солун и тоа би била трета екипа од оваа држава по Панатианикос и Олимпијакос.
Овој грчки клуб би настапувал со вајлд карта, а се напомнува дека финансиските средства не се проблем за овој клуб. Евролигата позитивно гледа на оваа опција.
ПАОК пред извесен период го ангажираше тренерот Андреа Тринкиери и имаат големи планови. Во моментов тие се натпреваруваат во ФИБА Купот на Европа и во четвртфиналето ќе играат против Перистери. Во домашното првенство ПАОК се наоѓа на четвртото место на табелата. мн/
Фото: ЕПА