Евертон влегува во трка по Милик
- Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да стане играч на Евертон, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Ливерпул, 25 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да стане играч на Евертон, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Според изворот, тие сакаат да го земат 26-годишниот Полјак на едногодишна закуп со можност за откуп.
Минатата сезона Милик одигра 35 настапи за Наполи во сите натпреварувања и постигна 14 погодоци.
Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 32 милиони евра. зс/